Наш ИзборНаш изборОхрид

“Неделата на глад”, Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со кампањата ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС

Одбележувањето се прави преку собирни акции во маркетите и училиштата преку кои хуманите граѓани можат да донираат храна за оние на кои таа им е потребна.
❗Оваа година овие акции се одржуваат во соработка со маркетите Миса, Кам ( ул. “7 ноември” ), Тинекс ( ул. “7 ноември” и “Никола Карев” ) , Рамстор ( ул. “Јане Сандански” ), Тамаро ( ул. “АСНОМ” ), Жито Маркет (Ohrid Moll), но и во сите основни и средни училишта.
🙏🏻 Ги мотивираме сите граѓани на градот Охрид да се вклучат во одбележувањето на оваа недела и со своите хумани акти да придонесат кон пружањето помош на оние кои им е најпотребна