СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (66)г. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба,полициските службеници пронајдоа и одзедоа темнокафеава течност со волумен од 950 милилитри во која е утврдено присуство на тетрахидроканабинол, психоактивна компонента што ја содржи растението канабис.












