На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека лице од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство.
Увид на местото извршија претставници на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, како и полициски екипи.












