АктуелноОхрид

Охриѓанец физички се спротивставил на работник од обезбедување на објект на ул. „Партизанска“

На 14.10.2025 во 07:30 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа лице на (42) г. од Охрид кој претходно, во продажен објект го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, а потоа физички му се спротивставил на работникот од обезбедувањето на објектот.

По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид кај него констатираа 3,52 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.