На 14.10.2025 во 20:45 часот во охридското село Лескоец, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа лице на (34)г. од село Косел и лице на (46)г. од селото Долно Лакочереј затоа што претходно, пред продажен објект во селото го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај едното лице констатирале 2,30, додека кај другото лице 2,46 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.











