АктуелноОхрид

Нарушен јавниот ред и мир на булевар „Македонски просветители“ од лице кое било под дејство на алкохол

На 15.10.2025 во 01:20 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа лице на (53)г.  од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и лажно пријавил дека бил физички нападнат.

По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај него констатирале 1,51 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.