Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан и митрополитот Дебарско-Кичевски г.Георгиј, денес во дворот на храмот Света Богородица Перивлепта, во Охрид, во соработка со хуманитарната организација на Скопската Епархија при МПЦ-ОА, Свети Спас, беа поделени пакети со храна и хигиенски средства на социјално загрозени семејства од Охрид.












