Струга и околината повторно се без вода. Денеска во текот на целиот ден водата која течеше во водоводните чешми беше со намален интензитет за тоа во попладневните часови да премине во сосема мал доток а на некои места и воопшто да ја нема.
Од јавното прептпријатие „Водовод и канализација Струга со појаснување дека ваквата ситуација е поради недостаток на врнежи од дожд.
Од со известување информираат:
Ве известуваме дека, поради недостаток на врнежи од дожд дури и во овој период, состојбата на изворите продолжува да биде проблематична.
Ги молиме сите граѓани за трпение и рационално користење на водата за пиење, со цел да се намали проблемот со низок притисок или прекин на снабдувањето со вода за пиење.
Ви благодариме за разбирањето!
Со почит,
JП „Водовод и Kанализација“-Струга
Кон крајот на неделата најавени се врнежи од дожд па стужани нека чекаат тогаш вода !











