Особено сум горд што нивниот број, но и бројот на нивните членови континуирано расте, благодарение на поддршката која како Општина ја издвојуваме за спортот.
Заедно се сложивме дека поддршката од Локалната самоуправа во изминатите четири години е на високо ниво, а ги уверив дека согласно растот на буџетот експоненцијално ќе расте и поддршката за спортот.
Како поддршка која ја издвојуваме се стипендиите за спортисти, финансиски средства за клубовите, субвенции за користење спортски терени, поддршка за проекти и организирање настани… Оваа низа на поддршка од година во година ќе ја зголемуваме.
Продолжуваме посветено и со напорна работа за уште поубав Охрид!
Охрид не запира повеќе!











