ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (18)г. и против малолетник, двајцата од струшкото село Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 07.10.2025 во помошна просторија во каменолом во струшкото село Долна Белица, пријавените физички и со остар предмет го нападнале лице на (60) од истото село, вработен како чувар во каменоломот.












