На 12.10.2025 во 00:30 часот во угостителски објект на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа лице на (36)г. од охридското село Велгошти и лице на (27)г. од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Од преземените мерки, полициските службеници кај едното лице констатирале 2,03 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.












