АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: ‎11-ти Октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една генерација која избрала да не молчи

Народоносолободителната борба претставува симбол на непокорот, достоинството и вековната борба за мир и правдина. Преку пожртвуваноста на нашите херои се изгради темелот на македонската државност и идентитет.
‎Револуционерната борба на Македонскиот народ е доказ дека слободата не се подарува, таа се заслужува преку единство, визија и храброст.
‎11-ти Октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една генерација која избрала да не молчи, со решителност, поголема од стравот и со силна идеја, посветла од темнината на ропството.
‎Охрид и Дебрца дале многу храбри луѓе за оваа слобода која ја живееме денес. Тоа не се само имиња на споменици, тоа се нашите предци, нашите роднини, соседи и пријатели, чии животи се вткаeни во слободна Македонија. Нивната жртва е темелот врз кој е изградена нашата држава.
‎Денес ја имаме честа да им оддадеме достојна почит, но не само со зборови, туку и со ветување дека нивната борба нема да биде заборавена и дека ќе го чуваме нивното големо дело како аманет за идните поколенија.
‎Слободата која ја имаме денес не е само привилегија, таа е наша одговорност, па затоа треба да ја вредуваме со знаење, љубов и решителност. Да продолжиме да бидеме свои на своето и горди на се што е македонско!
Нека ни е честит 11-ти Октомври – Денот на народното востание! Нека живее нашиот Охрид, нека живее Македонија, слободна, достоинствена и сплотена!