АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Теа Донева ( Б.К. Аждер ) од утре настапува на Балканското Првенство во борење кое се одржува во Романија

Охриѓанката Теа Донева од Б.К. Аждер – Охрид денес пристигна на Балканското Првенство во Романија!
Утре ( 07.10 ) таму започнуваат борбите за пионери во Романија, а Донева е дел од нашата женска  репрезентација.

Теа Донева е единствената жена борач од Охрид, тренира во единствениот Боречки клуб Аждер со тренерот Илија Спасески и за кратко време оствари одлични резултати.

Со нив отпатуваа и тројца тренери на репрезентација: Јасин Реџелари; Зоран Сребренов;  Марјан Христов.

Освен со репрезентативците, нашата држава може да се пофали и со претставник во судискиот дел, нашиот лиценциран судија Гоце Ангелов!