АктуелноОхрид

Светскиот ден на срцето, одбележуван на 29 септември 2025 година од ЈЗУ Специјална болница за кардиоваскуларни заболувања

Светскиот ден на срцето, одбележуван на 29 септември 2025 година, е глобална иницијатива за подигање на свеста за кардиоваскуларните болести како водечка причина за смртност ширум светот. Оваа кампања, предводена од Светската федерација за срце, промовира превенција, здрав начин на живот и пристап до квалитетна здравствена заштита.
Во 2025 година, темата се фокусира на важноста на раното откривање и управување со ризик-факторите како висок крвен притисок, холестерол, дијабетес, пушење и физичка неактивност.
Оваа година, по повод светскиот ден на срцето, ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, во соработка со Алкалоид АД – Скопје, организира настан чија цел е ширењето пораки за здраво срце, охрабрување на луѓето да прават мали, но значајни промени во животниот стил.
Светскиот ден на срцето 2025 потсетува дека превенцијата е клучна. Редовните физички активности, урамнотежената исхрана и избегнувањето на штетни навики можат значително да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Овој ден е повик за акција за секој да го стави здравјето на срцето на прво место.