АктуелноИздвојувамеМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхридСпорт

Охридските борачи Лука, Теа, Мартин и Антонио освоија медали на турнирот во Неготино

Охридските борачи од Борачки Клуб Аждер – Охрид под водство на тренерот Илија Спасески денес во Неготино собраа грст медали  на турнирот кој се одржа во овој град, а каде настапија борачки клубови од цела Македонија.

Младиот и перспективен охридски борач Лука Колевски освои прво место во категорија до 65 килограми,  а Теа Донева ( која е единствена жена борач од Охрид ) освои второ место во категорија до 54 килограми.  Нашите борачи освоија уште две втори места и тоа : во категоријата до 92 килограми се пласира и Мартин Наумоски , додека во категирија до 36 килограми второ место освои Антонио Војнов.

Инаку за дел од нашите борачи ова беше прво појавување на турнир и прво натпреварувачко искуство. Борачкиот Клуб Аждер е првиот борачки клуб во за нас познатата охридска спортска историја , а борачите од овој клуб остваруваат завидни резултати иако во градот овој спорт е во зародиш и нема никаква традиција, но очигледно има светла иднина.