АктуелноОхрид

(ФОТО/ ВИДЕО) Стружани протестираа за крај на труењето од депонијата

Како што беше најавено денес стружани и околината се собраа на главниот влез од струга и со протест го блокираа приодот до градот.

Тие побараа еднаш за секогаш ставање на крај со турењето од депонијата. Посебно за делот од населбата „Плитишта“ кои се први на удар и најблиску до депонијата, која кога гори целата смрдеа е тука до нив.

Но парадоксот се однесува на целиот овој струшкио регион, нималку не се изоставени соседните села кои гравитираат околу струшкиот дел, каде загадениот воздух се шири низ целиот предел. На протестот беше побарано решавање на овој горив проблем гој години наназад се провлекува од сите локални власти и дека никој досега не дал ниту предлог за решавање на овој животен проблем.