АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид -Струга

На 25.09.2025 во 08:35 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат  Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (83) од с.Калишта, струшко и товарно возило „застава“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (72) од Охрид.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил едното лице , констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.