На 19.09.2025 година во 21:30 часот, на магистрален пат во близина на кичевската населба „Горица“, лишен од слобода е лице на (57) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од ОВР Кичево сопреле патнички автомобил „опел“ со кичевски регистарски ознаки, кој тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,90 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.












