Во рамките на проектот: Да ги овековечиме вредностите(цртање мурали на истакнати охридски дејци), а по повод роденденот на големиот уметник Јордан Манасијески кој годинава го одбележува јубилејот: 55 години од творештвото, Општина Охрид на северната страна на НУ Библиотека Григор Прличев му подари мурал.
Муралот ќе биде завршен во текот на идната недела, а е дело на академскиот сликар Горан Ристовски.
Среќен роденден Маестро!











