АктуелноОхрид

Кривична пријава против две лица од Струга поради предизвикување пожар

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против  лице на (61) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавените, на 02.08.2025, на градската депонија во Струга, биле затекнати при вадење бакарни жици од разни предмети, кои потоа ги запалиле и предизвикале пожар. Од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, пожарот бил изгаснат, а двете лица  се лишени од слобода.