На 1 јуни 1957 година доживотниот Претседател на Југославија Јосип Броз Тито, со сопругата Јованка го посетиле Охрид, а деновиве беа објавени неколку фотографии од нивната посета на манастирот Свети Наум.

Домаќин на Тито и Јованка бил Лазар Колишевски, а датумот и годината кога се направени овие фотографии укажува на тоа дека Тито во Свети Наум бил кога се отворал хотелот „Палас“, т.е. во годината кога завршила неговаата изградба.













