АктуелноОхрид

“Музички времеплов“ концерт на охриѓанката Миланка Новеска во Охрид

Со големо задоволство Ве покануваме на нашиот концерт утре во Св. Софија 💝

Охрид е мојот корен, а „Св. Софија“ е голема инспирација. Јас не само што пеам, туку и живеам преку музиката. Чувството да ја споделам мојата уметност со публиката во тој свет простор е дар и обврска – да ја пренесеме убавината, тагата, радоста и надежта кои музиката ги носи во себе, пишува Миланка во својата објава.