АктуелноОхрид

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен- Битола, загина едно лице

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патниот правец Ресен- Битола.

Во незгодата се судриле две  патнички моторни возила од кои едното е со охридски регистарски таблички.

Едното возило е опожарено а според информациите,  настрадало лице на 52 години од Битола.

Сообраќајот на овој патен правец е пренасочен по спореден пат.