ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (36) и лице на (37), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение дека В.Б. сторил кривично дело ,,убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, а второпријавениот сторил кривично дело „убиство“ во обид предвидено во член 123 став 1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на двајцата им определи мерка притвор од 30 дена, по што се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Охрид з аиздржување на мерката. На 02.08.2025 во 22.20 часот пред продажен објект на улица „Марк и Енгелс“ во Струга, едното лице физички го нападнал лице на (31) од селото Корошишта, додека второто лице со нож му нанел неколку убоди во пределот на стомакот, а лице на (38) од истото село го повредил во пределот на раката.
Со интервенција на полициските службеници, напаѓачите веднаш беа лишени од слобода и задржани во ОВР Струга.











