Реакција на објава на СДСМ Охрид
Откако СДС Охрид го остави ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1 000 000 денари сега зборува за неработа. Со години дозволивте запуштеност, негрижа и хаос, а денес се обидувате да бидете морални коректори на туѓа работа.
Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ е човек кој вложи напор, труд и лична одговорност да донесе ред во едно од најсензитивните јавни претпријатија кое сега е со целосно намалени дневници и службени патувања и репрезентација.
Зборувате за емоции и лабилност, ајде да ве потсетиме што е човечко достоинство кога по налог на вашиот џелат во образование извршивте ексхумација, без нималку срам и почит откопавте гроб.
Продававте наплатени над 250 гробни места, ама никогаш не изработени за кои граѓаните плаќаа од 80 илјади до 100 илјади денари.
Ако сакате да видите запоставени гробишта, само вратете се назад во вашиот мандат.
Затоа, наместо да глумите загриженост, подобро прашајте се:
Каде бевте и што правевте додека Охрид се давеше во вашата некомпетентност?
Ако веќе не знаете како се сака својот град, барем научете како се почитуваат тие што го одржуваат достоинството на вечните почивалишта на луѓето.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид











