АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од с. Србица кичевско за спречување на службено лице во вршење на службено дејствие

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лице на (25) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 06.07.2025 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, тој со употреба на физичка сила спречувал полициски службеници во вршење на службено дејствие, по што веднаш бил лишен од слобода.