АктуелноОхрид

Поранешни волонтери од Мировен корпус се вратија во Охрид и над Канео си ветија вечна љубов

Волонтери кои биле на мисија во Македонија во рамки на Мировниот корус повторно се вратија во Охрид.

Поранешна волонтерка Лорен се врати на Канео во Охрид по пет години од својата мисија. Овој пат заедно со својот партнер и пријателката која исто така била на мисија во Македонија.

Лорен всушност беше запросена од партнерот на легендарното и живописно „Свети Канео“.

Лорен, нејзиниот партнер Хемптон и нивната пријателка Кејти патуваа низ целата земја јадејќи вкусна храна, носејќи прекрасни пејсажи и посетувајќи ги пријателите на Лорен и Кејти и семејствата домаќини од Лозово, Штип и Мустафино кои беа повеќе од среќни кога ги слушнаа, споделија од Мировниот корпус во Македонија.

 

 

skopjeinfo.mk