Охрид

Пецаков: Охрид вчеравечер повторно го отвори својот прозорец кон уметноста со почетокот на јубилејното 65 издание на нашиот реномиран фестивалот „Охридско лето“

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, Охрид вчеравечер повторно го отвори својот прозорец кон уметноста со почетокот на јубилејното 65 издание на нашиот реномиран фестивалот „Охридско лето“ .
Љубителите на музиката имаа можност да уживаат во врвната концертна изведба на американската пијанистка Клер Хуангчи и Националната филхармонија на Република Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.
Под мотото „Трансформација на сетилата“ фестивалот годинава нуди богата програма со звучни имиња од музичката и драмската сцена.
„Охридско лето“ не е само фестивал – тоа е традиција што трае, сведоштво за посветеност, љубов и уметничка визија која секое лето му дава нов културен живот на Охрид.