АктуелноОхрид

(ФОТО) Паркови и зеленило секојдневно на терен за уредено градско зеленило во летниот период

Ул.,,Македонски Просветители” се разубави со садници кое се садеа во зелениот појас вдолж улицата, градскиот парк се дополни со летно цвеќе 🌸 на делови каде заради деструктивни дејства имаше оштетувања и се уреди цветниот тунел на градскиот плоштад
✅Секојдневно се косат тревниците и тековно се одржуваат и уредуваат градскиот парк и ул.,,Булевар Туристичка”, а на ,,Булевар Туристичка” се уредуваше дворедот за полесно минување на пешаците
✅Се уредуваше јавното зеленило во с.Трпејца, сообраќајна клучка-Петља, пешачка патека до Горица, паркот околу црква Св.Софија и делот покрај коловозните ленти на патен правец Охрид -Св.Стефан
✅Се уреди и парковската содржина на Сараиште со бел камен кај споменикот на интернационалниот поет Коста Абраш