АктуелноОхрид

(ФОТО) Јагленот од Пискупштина полека го „затвора“ патот

Тони јаглен кои постаојано се искоуваат во Пискупштина претставуваат потенцијална опасност за затворање на патниот правец кој води до ова село.

Од фотографиите се гледа дека полека се навлекува јагленот покрај самиот пат и го затвора, дури може да дојде и до свлечиште кое би го забрзало процесот на затрупување на патот.

Фотографиите се направени во правец на патот Пскупштина-Нерези- Безево. Покрај другото во голема мера е доведена безбедноста на автомобилите кои поминуваат покрај овој патен правец, но и локалното население кое е во непосредна близина, бидејќи доколку дојде до затворање на патот, ова месно население ќе остане отсечено.

Потребно  е надлежни екипи да реагираат и навремено да се превземат мерки за санација и заштита на патниот правец.