АктуелноОхрид

Богослужба и восодвет во црквата Св. Кузман и Дамјан во с. Рамне по повод празникот

На ден 14. 07. 2025 год. по повод чествувањето на светите безсребреници Кузман и Дамјан во црквата “Св Кузман и Дамјан” во с. Рамне Охрид ќе има богослужение со почеток во 10:00 часот, водосвет со кревање на празнични колачи, а потоа избор на нов кум за 2026 год.
По службата ќе биде послужен свечен ручек во просториите на конакот.
Се повикуваат сите благочестиви христијани и други добронамерници за заедничка прослава на светите безсребреници Кузман и Дамјан.
Здружение за изградба на црквата
“Св Кузман и Дамјан” – с. Рамне