По повеќе од седум години посветеност на грижа за вашата насмевка, стоматолошкиот центар Дентеса од Охрид повторно ги отвора вратите, овој пат со нов изглед и свежа енергија. Оваа позната ординација влегува во нова ера, со реновиран простор и најсовремена опрема, создавајќи оптимални услови за давање врвна дентална услуга и креирање здрава и убава насмевка.
Основана во 2018 година, ординацијата Дентеса е предводена од д-р Оливера Малевска Балукоска, која со своето знаење и искуство се грижи за здравјето на пациентите. Како матичен стоматолог, д-р Балукоска има склучено договор со фондот за здравствено осигурување, што значи дека услугите се достапни за широк спектар на пациенти.
Во Дентеса се нудат сите услуги од областа на општата стоматологија, протетика, естетска и детска стоматологија. Без разлика дали ви е потребна редовна контрола, лечење на заби или естетски третмани, тимот на Дентеса е тука за да ви понуди најквалитетни услуги.
Со реновирањето на ординацијата, Дентеса не само што го подобрува просторот, туку и ја зголемува ефикасноста на услугите. Очекувајте и проширување на тимот со нови професионалци, што дополнително ќе ја зголеми капацитетот и квалитетот на стоматолошките услуги во Охрид.
Се наоѓа на улицата Питу Гули бр. 67, Охрид – Дентеса ве очекува да се уверите во подобрената понуда и услуга. Закажете термин на телефонскиот број 071 921 306 или контактирајте не преку мејл на dentessa29@gmail.com. Вашата насмевка заслужува најдобро, а Дентеса е тука за да го обезбеди тоа!