АктуелноОхрид

Контроли на пловни објекти во езерото, кај седум лица утврдено присуство на алкохол, двајца со 1,17 и 1,07 промили во крвта

Во текот на вчерашниот ден, 6-ти јули 2025 година, во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, направени се зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во периодот од 14:00 до 20:00 часот.

– Контролирани се 13 пловни објекти и 13 физички лица, притоа констатирани се 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба. Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта. За констатираните прекршоци изготвен и поднесен е соодветен службен материјал. Капетанија на Пристаништа Охрид во соработка со Езерската полиција и во наредниот период ќе ги засили инспекциските контроли и затоа навремено да се извршува регистрација на пловините објекти и строго да се почитуваат правилата и прописите за безбедна пловидба, апелираат од Министерството за транспорт.