Наш ИзборНаш изборОхридРегион

Апел за финансиска помош за санација на пештерска Црква Свети Никола во Пустец

Апел за финансиска помош за санација на пештерска Црква Свети Никола во Пустец, Преспа. Потребни се средства за реновирање на пештерска Црква Свети Никола.

Поради тоа, ги повикуваме сите Македонците како во Република Албанија, така и Македонците низ целиот свет да помогнат за за санација на пештерска Црква Свети Никола, по молба и барање на македонските верници од Пустец.

Oбјава на Crkvata Pustec.

Почитувани верници

Наши сонародници од Мала Преспа каде и да живеете. Сликите што се објавени се од параклисот (Ваковче) на ” Св Никола ” во Накол. И како што изгледа е во критича состојба како од чатијата така и во внатрешноста на параклисот.

И е потребна итна интервенција за да се реновира.

Параклисот е уникатен во неговиот стил и припаѓа во редот на Пештерни Цркви во областа на Мала Преспа,покрај брегот на Преспанското езеро.

Поради ваквата состојба ни’ е потребна вашата помош, секој верник, спрема своите можности да помогни за реновирање на овој Параклис. Свети Никола напомош на сите да ни биде. Се надеваме на Ваша подршка.

 

 

 

Vesnik-ilinden.com