АктуелноНаш избор

Продолжува серијалот секојдневни сообраќајки – граѓаните бараат „легнати полицајци“

Нова сообраќајка предмалку се случи во Охрид, на кружниот тек кај „Здружение на возачи“ во која за среќа нема настрадани. Граѓаните продолжуваат да апелираат и да бараат т.н. легнати полицајци како кај О.У. Христо Узунов кои имаат крајно позитивно влијание врз безбедноста во сообраќајот, и зауздувањето на неодговорни поединци и возачи.