Состанок со раководството на УНЕСКО во Париз.
Заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро е приоритет и тие мора да одат рака под рака со развојот и благосостојбата на жителите на општините Охрид и Струга.
Мора да потенцирам дека вакви состаноци недостасувале во минатото. Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и често се носеле еднострани одлуки на штета пред се на жителите на Охрид и Струга. Тоа мора да се промени. Свесни сме дека одредени извештаи се во напредна фаза на подготовка, но исто така со голема проактивност работите ќе се менуваат во годините што се пред нас.
OHRID CITY OF UNESCO, напиша на својот ФБ профил заменик претседателот на Владата Александар Николоски.
Николоски на состанок со раководството на УНЕСКО во Париз, тема заштитата на Охридскиот регион
Редакцијајуни 25, 2025
posted on












