Викендов 21 јуни 2025 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираа меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар “ ОХРИД ОПЕН 2025” на кој зедоја учество над 270 натпреварувачи од 30 клуб од 8 земји од регинот , од Италија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија ,Грција, Албанија и Македонија.
„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот, Истотака имавме чест да учествуваат репрезентациите на неколку држави, со што беше и квалитетот на натпреварот на повисоко ниво од минатата година.

Изразувам благодарност на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме натпревар по највисоки стандарди, а воедно и најзаслужен за сите успеси на М.Т.Т.Ф и за одличната организација на истиот турнир, истотака благодарност до “Општината Охрид” што несебично ни помогна да го организираме овај турнир, благодарност и до Министерството за спорт. Истотака благодарност на сите што помогнаа со учество на овај турнир родители, роднини, пријатели итн, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација, поранешен светски вицешампион Прага’96.

Овај натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, со пренос во живо, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.

Читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци , направивме натпревар што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме. Најтрофеен клуб од Македонија беше домаќинот Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид, освојувајќи 7 златни, 7 сребрени и 11бронзени медали и 1 пехар за најдобар поединец (Миа Танеска), За најдобари клубови на натпреварот беа избрани

1 место: Фалкон , Благоевград ,Бугарија
2 место: Василена , Перник ,Бугарија
3 место: Српски Соко, Зворник, БиХ












