АктуелноОхрид

Охриѓанец по куса вербална расправа физички бил нападнат – се здобил со тешка телесна повреда

На ден 14.06.2025 година во 16,35 часот во СВР Охрид  (48) годишно лице од Охрид пријавил дека претходниот ден околу 07,00 часот по куса вербална расправа физички бил нападнат од (48) годишно лице при што му била нанесена тешка телесна повреда. Од страна на полициски службеници лицето е повикано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.