Во завршна фаза се активностите за реконструкција на улицата „Даме Груев“. Денеска на оваа улица се поставува првиот слој асфалт со просечна ширина од шест метри. Претходно тука се одвиваа активности спуштање на каблите под земја.
Откако ќе се постави и завршниот слој асфалт, ќе следува и соодветно обележување на улица и со тоа охриѓани, а особено жителите на улицата „Даме Груев“ ќе добијат современа и безбедна сообраќајница.
Вкупната вредност на целиот проект изнесува околу 2 300 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.