Охрид

Утре, промоција на книгата „Основи на сметководството“ од м-р Ирена Бандилова

Утре, четврток од 12.00 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана првата книга од професорката по економија м-р Ирена Бандилова „ Основи на сметководство ( теоретски и практичен дел).

Оваа книга претставува спој на стручност, посветеност и искуство. Таа е резултат на потребата за литература и преку нејзината содржина не само што ги објаснува основите на сметководството, туку нуди реални ситуации и решенија.

Книгата е погодна за учениците во економските паралелки и сметководителите и на некој начин претставува азбука и водич низ сметководството.

Промотор ќе биде м-р Ивана Милеска.

НУ Библиотека