На 03.06.2025 во 21.30 часот на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга приведоа (32) годишно лице од Струга. При преглед во неговото возило „ауди“, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












