На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода (25) годишно лице од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилкла со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведено лице од Охрид – кај него но и во домот полицијата пронашла марихуана и дробилкла со остатоци од марихуана
Редакцијајуни 4, 2025
posted on












