АктуелноОхрид

Тешко повреден работникот од Кина кој паднал вчера при изведба на работи на автопатот Охрид – Кичево

На 03.06.2025 во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека (52) годишно лице од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.