АктуелноОхрид

Во Охрид за три месеци 31 брак и 16 разводи, родени 80, а починале 176 лица!

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, само во текот на јануари, февруари и март годинава, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 31 двојка, а имало и 16 разводи, што го потврдува поразителниот факт за кој не се зборува многу, за огромниот број разводи во државата, веќе подолг период наназад.

Во соседна Струга, во анализираниот период се склучиле 69 бракови, а евидентирани се 6 разводи. Во Дебрца е евидентиран еден склучен брак и нема разводи.

Статистиката е немилосрдна и ги вадат на површина бројките, но не и причините за оваа, за жал, се’ почеста појава. Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, што секако директно влијае и на природниот прираст на населението, кој веќе со години е негативен. Колку за илустрација, во истиот период во Охрид се родиле 80, а починале 176 лица, односно се бележи прираст од -96.

 

извор: ОхридПрес