На Државниот натпревар по македонски јазик и литература, кој се одржа на 31.5.2025 година во Скопје, учениците Ана Томоска, Наум Павлески и Медина Асановска од ООУ „Братство Единство“ – Охрид постигнаа одличен успех и ја докажаа својата љубов и посветеност кон македонскиот јазик и книжевноста.
Ученичката Ана Томоска VII одделение со освоени 98 поени освои прва награда- ментор Маја Гугоска-Дулеска, Наум Павлески со освоени 91 поен освои втора награда- ментор Љубинка Михајловска, додека Медина Асановска VII одделение со освоени 96 поени се закити со прва награда во групата македонски како немајчин јазик-ментор Ивана Рилкова-Томеска, со што го донесоа највисокото признание за својот труд, знаење и посветена работа.
Овој успех е резултат на нивната посветеност, но и на континуираната поддршка и работа на нивните наставнички, како и на училиштето кое вложува во квалитетно образование и развивање на љубовта кон македонскиот јазик уште од најрана возраст.











