Завршува во рок рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум која за прв пат се случува по четири децении. Рехабилитиравме 24,3 км и инвестиравме 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈППД.
Ја подигнавме безбедноста во сообраќајот, го подигнавме квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион, и обезбедивме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија.



Привршуваме со поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци, како и со означувањето на хоризонталната сигнализација т.е боење со патарска боја. Привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда.

