АктуелноОхрид

(ФОТО) Вандализирани гробиштата во кругот на црквата Св. Никола во с. Подгорци

Тешко вандалско дело е направено во петокот навечер, на 23 мај на гробиштата во кругот на црквата Св. Никола во село Подгорци.

Несовесни луѓе ги искршиле поставените стаклени предмети во кои се држат цвеќињата на надгробните споменици. Овој вандалски чин е направен речиси на сите надгробни споменици кои се наоѓаат во селото Подгорци. Фотографиите ја отсликуваат несовесноста и големата нечовечност кај оние личности кои го направиле ова дело.

Според информациите кои ги добивме случајот е пријавен веднаш во полиција уште следниот ден , при што бил извршен увид како од службени полициски лица така и инспектори кои дошле на местото на настанот.

Се очекува расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителите на овој тежок вандализам.