СВР-Охрид поднесе кривична пријава против (72) годишен жител од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „самовластие“ и „фалсификување исправа“. Тој, на катарстарска парцела во охридското село Љубаништа, изградил викендичка иако знаел дека парцелата е сопственост на лице од Битола и свесно, до Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, поднел лажна документација со цел, добивање одобрение за легализација на бесправно изградениот објект.












