Тимот на ЈПДП и директорот Коце Трајановски постојано се на терен и од блиску ги следат работите на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и во моментов се работи интензивно со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид.
✓Па така, интензивно се изведува асфалтирање на делот од Врбјани до Ботун-главна траса
✓Забрзано се градат пристапните патишта од:
• Врбјани до Сливово,
• Сливово-Арбиново,
• Арбиново-Издеглавје,
• Издеглавје-Песочани,
• Песочани-Ново Село,
• Ново Село-Ботун, како и
• Пристапен пат до село Горенци и
• Пристапен пат село Оровник
✓Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје
✓Се поставува жичана ограда
✓Се поставува еластична ограда
✓Кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и започнуваат активности на лева страна-главна траса
✓Започната е првата фаза на клучка Требеништа
✓Интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа
✓Се работи интензивно и на натпатникот кај Св. Еразмо
✓Левата страна од Подмоље до Охрид е при замиот крај и се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна- главна траса.
Поради зголемените активности на терен ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат времената сигнализација поставена според одобрен сообраќаен проект од страна на МВР и Министерство за транспорт.
Редакцијамај 28, 2025
posted on












