Наш изборНаш Избор

Општина Охрид со реакција на прес конференцијата од СДСМ Охрид

 

Почитувани господа од СДСМ, очигледно или не сте добро запознаени или сакате невешто вистината да ја сокриете.

Ревизија на работењето на Јавните претпријатија имаше. И знаете што покажа? Покажа дека Јавните претипријатија биле крајно лошо менаџирани од вашите кадри. Наталожувани се долгови и обврски кои вие сте немале интерес да ги решавате.

За разлика од тогаш сега сликата со работењето на ЈП е драстично различна. Иако проблемот кој го напрвивте со зголемувњето на цената на електричанта енергија и другите енергенси  ги преоптовари буџетите на јавните претпријатија, сепак раководствата заедно со Локалната самоуправа успешно ги менаџираат тековните обврски, а притоа да не генерираат нови долгови.

За разлика од вас кои сте научени да оставате презадолжени институции, ние го правиме спротивното –  ги оддолжуваме. Како што направивме со одблокирањето на сметка на Општина Охрид и целосното раздолжување на ЈП „Нискоградба“.

Санацијата на финасиската катастрофа која ја оставивте во наследство полека но сигурно ја санираме. Во блиска иднина и дел од другите јавни претпријатија финансиски ќе се стабилизираат.

Крајно неодговорно е да се обвинува за „финансиска криза“ на јавните претпријатија, а притоа занемарувајќи го фактот дека таа состојба била предизвикана од лошото менаџирање во времето кога вие сте биле власт и јавните претпријатија ги реководеле кадри кои вие сте ги избрале.